По неколкуте семејни трагедии кои ги доживеа во последно време, познатата пејачка Селин Дион е на работ на нервен слом, тврди таблоидот „Рејдар Онлајн“.
Канадската пејачка пред половина година го загуби сопругот и долгогодишен менаџер Рене Анжели (73), кој почина од рак на грлото, а само па два дена, исто така од канцер, почина и нејзиниот братот Даниел (59).
Пејачката сега наводно е на самиот раб на нервен слом. Таа е видно ослабена, ретко излегува од дома, а се соочува со параноја, наведува „Рејдар Онлајн“.
Изданието тврди и дека Селин тагата почнала „да ја лекува“ со алкохол и лекови. Според наводите на таблоидот, пејачката не е во состојба ниту да се грижи за трите сина.
Меѓутоа, Дион го негира ваквите тврдења и најавува враќање на големата сцена.
Можеби токму музиката е она што и треба за да ги излекува раните и да се врати на старите патеки на успехот и славата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.