| четврток, 6 декември 2018 |

Личниот избор на Селин Дион поради кој се разликува од другите жени

Селин Дион (48) многу тешко ја поднесе смртта на својот сопруг, Рене Агнели (74), кој почина во јануари годинава од рак и се уште не е подготвена да продолжи со животот.

-Го сакам, се уште сум вљубена во него, вели.

Кога ја прашале дали се надева дека повторно ќе се вљуби, додала: „Не сега. Се уште сум мажена за него. Никогаш не сум бакнала друг маж во животот“.

Пејачката, која со сопругот има три деца, тврди дека се уште има многу љубов.

-Јас љубам, љубам, го љубам. Се уште сум вљубена во него, а имам љубов од децата. Љубов од обожавателите. Луѓето со кои работам, затоа мојот живот не е без љубов. Си легнувам со него, на сцена излеговуам со него, се уште сум во брак со него, заклучува.

selin-1-profimedia-0299349873_1000x0

Селин имала само 12 години кога го запознала својот иден сопруг кој тогаш имал 38. Како што вели, го ценела зашто кон неа не се однесувал како кон дете.

-Мислев дека е навистина убав, изгледаше одлично. Имав самодоверба, зашто не ми се обраќаше со „Здраво тиквичке“ или „Здраво слатко девојче“ или како кон бебе, се сеќава Селин.

Пејачката тешко го помина последните месеци од животот на својот маж.

Селин имала 19, а Рене 45 години кога почнале да се забавуваат, а се вериле во 1991. Се венчале три години подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top