Македонија од жолта влегува во портокалова фаза на метеоролошко предупредување со услови и за снежни бури. Според метеоролозите, денес претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси. Заладувањето и поинтензивни врнежи до недела наутро насекаде ќе формираат снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 сантиметри нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри.
И во недела времето ќе биде облачно, студено и ветровито со слаби врнежи од снег и со засилен северен ветер, кој на некои места повремено ќе има брзина од околу 80 км/час, што ќе предизвика локално создавање на снежни наноси.
Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.