Хрватска денес за зафати снежно невреме кое ги блокираше улиците и во целост го отсече централниот дел од Далмација.

Според извештаите од Хрватскиот автоклуб од 15:50 часот поради оркански ветрови и снежни наноси за сите возила се затворени голем број патни правци.

Времето нема да се смири ниту утре, пишуват хрватските медиуми. Државниот хидрометеоролошки завод објавил метео аларм со низа предупредувања за целата државата.
Во прекин се и траектите и катамаранските линии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


