Десетици пратеници на Христијанско Социјалната Унија од Баварија (ЦСУ), инаку сестринската партија на ЦДУ (Христијанско демократска Унија) на Ангела Меркел подготувуваат иницијатива за гласање доверба на германската канцеларка, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Досега предлогот за интерпелација бил потпишан од страна на десетици пратеници, а според информациите на весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг ЦСУ наредната недела треба да реши дали гласањето за интерпелација би можело да се случи на 26 јануари.
Причините за интерпелација се однесуваат на политиката на Меркел кон бегалците, за што се разговарало на последниот состанок на ЦСУ во градот Вилдбад Кројт кога 56 пратеници на ЦСУ побарале: Влезот во Германија да биде можен само со прикажување валидни лични документи. Во спротивно, луѓето без соодветна документација да бидат вратени на граница.
Иницијатори за интерпелација има и во партијата на ЦДУ како пратеникот од Карлсруе Инго Веленројтер и неговиот колега од Мителстанд Кристијан фон Штетен кои што самоиницијативно работат на интерпелација за својата шефица, која што на последниот партиски конгрес доби аплауз долг над седум минути. Аргументите на сите што се согласуваат со интерпелација за Меркел се во правец на прекршување на процедурите од законодавството за азил.
Според влијателниот пратеник на ЦДУ ВОлфганг Бошбах кој што веќе се потпишал на иницијативата за интерпелација, Германија ја изгубила контролата на своите граници а истовремено постои разлика меѓу правната состојба и реалноста. За време на парламентарната дебата за новогодишните инциденти во Келн, Бошбах добил силни аплаузи од страна на ЦСУ но не и не шефот на партијата Кудер, со што станува јасно дека и во баварската ЦСУ има поделби во врска со односот кон политиките на Меркел односно дека канцеларката се уште ужива поддршка кај голем дел од пратениците од сестринската партија, со што барањето за интерпелација може да биде безопасно за нејзината политичка иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.