| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски најавува есенски референдум за името

Тој во колумната со наслов „Игра на нерви“, пишува за актуелната политичка ситуација во земјава и предалага вонредни парламентарни из бори насен, заедно со реферндумот за името

Поранешниот премиер и довчерашен член на СДСМ, Владо Бучковски во неговата последна колумна во „Дневник“, меѓу редови, пишува за “евентуален рефендум за заедничко прифатливо решение за името“, кој би се оддржал наесен.

Дали Бучковски нешто знае за спорот за името, на што јавноста не е запозната?

Тој во колумната со наслов „Игра на нерви“, пишува за актуелната политичка ситуација во земјава и предалага вонредни парламентарни из бори насен, заедно со реферндумот за името.

„…Промената на министрите за правда, за финансии и за внатрешни работи, според мене, е услов кој веднаш би бил повлечен ако се седне на заедничка маса. Тоа е дефинитивно услов за да има пазар! За клучното барање на СДСМ, вонредни парламентарни избори треба да се разговара. Ако не заедно со локалните избори, зошто тие да не се одржат на есен заедно со евентуалниот референдум за заеднички прифатливото решение за името, како предуслов за членство во НАТО и отпочнување на претпристапни преговори за полноправно членство во ЕУ! Јас нафрлувајќи идеи, само се обидувам да покажам дека ако се има искрена политичка волја, нема проблем што не може да се надмине…“, пишува Бучковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top