| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Богоевски прави низа тенденциозни конструкции

Vlado-Buckovski-4„Богоевски презентирал редица неточни информации и прави низа тенденциозни конструкции“, напиша во реакцијата поранешниот премиер Владо Бучковски откако Њујоршкиот суд што го води случајот против директорите на „Маѓар телеком“ го отвори за јавност сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Слободан Богоевски.

Дел од медиумите објавија дека од документи може да се прочита името на бившиот висок македонски функционер кој е посочен за примање мито, а дел од нив го наведоа поранешниот премиер Владо Бучковски.

„Почитувани, јас Владо Бучковски соработувам со Американската комисија за хартии од вредност,во граѓанската парница што тие ја водат против директорите на Маѓар телеком (Балог, Штрауб и Морваи) пред Њујоршкиот суд.

На барање на Американската комисија за хартии од вредност, јас сведочев на 7 февруари 2014 година, во нивното седиште во Вашингтон (100 F Street, N.E. Washington DC 20549). На сведочењето кое траеше близу 7 часа одговарав на вкрстени прашања од претставниците на Америкснската комисија и адвокатите на обвинетите директори од Маѓар Телеком. Сведочењето беше под заклетва и за него има стенографски белешки и видео запис. Бев замолен да не го обелоденувам моето сведочење и да се воздржам од јавни коментари на случајот до неговото завршување.

Сепак, по обелоденувањето на делови од сведочењето на Слободан Богоевски си земам за право да дадам кус коментар“, напиша Бучковски во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top