| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Очекуваме поголем одѕив во вториот круг

Vlado-Buckovski-4

Претседателот на Главниот Одбор на Алијансата за позитивна Македонија Владо Бучковски денеска на прес-конференција изрази загриженост поради, како што рече, слабиот одѕив на вчерашниот прв круг од претседателските избори.

Според него, граѓаните биле незадоволни од понудата.

– Уморна е Македонија од бипартизмот кој се форсира последниве 23 години. Затоа очекуваме дека во вториот круг, повлечени од позитивната кампања на Коалицијата за Позитивна Македонија ќе има поголем одзив – изјави Бучковски.

Ги повика граѓаните кои сакаат во Македонија да се случат позитивни промени да гласаат за Коалицијата за позитивна Македонија.

– Им се обраќаме и на оние кои се разочарани од вчерашните резулатати и на неопределените кои немаат понуда на претседателските избори. Убедени сме дека тие ја препознаа економската програма на нашата Коалиција за Позитивна Македонија  и дека ние можеме да бидеме најпријатното изненадување  на изборите. Имаме намера со учеството во новата влада  да дадеме придонес да се промени начинот на владеење во Македонија – изјави Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top