| четврток, 6 декември 2018 |

Метеоролозите за викендов најавуваат рекордна снежна покривка

Се очекува врнежите во сабота наутро да бидат од дожд низ пониските места, а од снег на планините, пишува порталот за временска прогноза „Метеопро“.

snezno-nevreme-balkan-hit-pogoden-01

Но веќе од доцна претпладне во северните делови од земјата врнежите ќе преминат во снежни, а попладне тоа ќе се случи низ целата земја. Снегот ќе биде локално поинтензивен попладне, затоа внимавајте доколку планирате патување.

Снежната покривка на планините во северниот и јужниот регион би требало да се зголеми за околу 60 сантиметри со нов снег, но заради ветерот очекувани се и поголеми снежни наноси, особено околу Кожуф.

На пониските места се очекува покривка 15 – 20  сантиметри.

В недела се уште ќе биде облачно, претпладне со слаб до умерен снег, додека попладне врнежите ќе бидат значително ослабени, а делумно и престанати.

Сабота ќе биде потопла наутро. Температурата ќе биде во постојан тренд на опаѓање. Максималната вредност во северните предели ќе биде околу 4 степени, а во јужните околу 6 степени.

Недела постудена. Дневниот максимум нема да надмине нула степени во северните и западните делови, а само малку над нула степени, околу еден се очекува на југоисток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top