| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенката Маја Сашек стана мајка

maja sasek i djan
Познатата манекенка Маја Сашек се породи. Таа и нејзиниот сопруг Дејан Пановски станаа родители на своето прво дете. Сашек роди девојче.

Маја и Дејан стапија во брак во мај минатата година, после долгогодишна врска. Македонската манекенка десетина години живеше и работеше низ светските модни метрополи како Милано, Њујорк и Дубаи. Сепак секогаш имаше причина да се враќа дома, – причината се викаше Пановски, кој е нејзина најголема поддршка.

Маја има 31 години. Во 2008 година ја претставуваше Македонија на „Мис Модел на Светот“ кој се одржа во Кина, во Шензен, помеѓу 69 други кандидатки од 40 земји во целиот светот. Позната е по нејзиното преубаво лице и нејзините сино-зелени очи, па затоа најчесто ја бараат како фотомодел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top