Сопругот и менаџер на познатата канадска пејачка Селин Дион, Рене Анжели, почина вчера во 73. година од животот, по долгата борба со ракот на грлото.
Како што објавија американските медиуми, Анжели починал во својот дом во Лас Вегас.
Анжели, која ја откри Дион и е заслужен за нејзината успешна кариера, со неа беше во брак од 1994 година.
– Семејството замолува во овие моменти на жалост да се почитува нивната приватност – изјави портпаролката на Селин Дион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.