| четврток, 6 декември 2018 |

Франција и Британија бараат итен состанок на ОН за Сирија

sirija glad

Франција и Велика Британија побараа вчера итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да се изврши притисок врз завојуваните страни во Сирија за да се прекинат опсадите на градовите во кои има стотини илјади луѓе на кои им е потребна итна помош. Во овие градови веќе има пријавено и смртни случаи предизвикани од глад.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, исто така, го засилил притисокот и ја повикал сириската влада и бунтовниците да ја прекинат опсадата пред продолжението на мировните преговори закажани за 25 јануари во Женева.

Бан Ки Мун, исто така, изјави дека изгладнувањето на луѓе во судирите во Сирија претставува воено злосторство.

Сакам да бидам јасен: Користење изгладнување како оружје е воено злосторство, им рекол Бан на новинарите.
Тој додал дека е полоша ситуација од држење заложници бидејќи заложниците добивале храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top