По разделбата со Барселона Б, српските медиуми најавуваат можен трансфер на Давид Бабунски во редовите на Црвена Звезда. Претходно македонскиот фудбалер се поврзуваше со белградски Партизан.
Како што го нарекуваат „вундеркид“ од Барса, најголемите оптимисти во него го видоа како наследник на Иниеста, но тие очекувања беа преголеми, па дојде до дефинитивен раскин на договорот.
И кон крајот на минатата година се шпекулираше дека 21-годишниот фудбалер би можел да го носи „црвено-белиот“ дрес, како и неговиот помлад брат Доријан кој е член на Фуенлабрада.
Според информациите нашиот играч би требало да биде замена за Марко Грујиќ кој неодамна потпиша договор со Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.