Македонскиот младински репрезентативец, Давид Бабунски по настапите на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска, замина во Јапонија, каде ги користи деновите на одмор пред втората полусезона.
Во првиот дел од сезоната, македонскиот фудбалер одигра 11 меча во дресот на Јокохама Маринос и постигна два гола. Тој, заедно со Енис Барди и Бобан Николов беа столбот на средниот ред на македонската репрезентација, која го постигна историскиот успех со пласманот на континенталниот собир.
За време на својот одмор, Бабунски одлучи да го промени својот имиџ и да ја скрати препознатливата долга коса. Со оглед на фотографиите на Инстаграм, неговиот помлад брат Доријан и неговата девојка се погрижија за новата фризура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.