| четврток, 6 декември 2018 |

Баварските власти испратија мигранти во канцеларијата на Меркел

bavaria miggrantiПретседателот на реонот на Ландшут во Баварија, Петер Дреиер на свој трошок испратил автобус со сириските бегалци во канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел. Со тоа сакал да укаже на проблемите на градовите и на општините со згрижувањето на бегалците и барателите на азил, па отворено ја искритикува политиката на сојузната влада.

-Со оваа акција сакаме да укажеме на тоа дека кога е во прашање бегалската политика , вака веќе не се може- вели Дреиер, додавајќи дека таа го загрозува социјалниот мир во земјата.

Тој претходно најавил дека ќе испрати автобус со бегалци кај Меркел, но нејзиниот кабинет не реагираше.

Во автобусот кој во Берлин се очекува вечерва, се наоѓаат 51 сириски бегалец со признато право на азил, статус што овозможува тие самите да побараат стан на пазарот на недвижнини, што е делумно невозможно заради недостаток на слободни и поволни станови.

Заради тоа бегалците и натаму живеат во сместувањето наменето за новопристигнатите бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top