| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ избран за спортист на Балканот за 2015 година

novak djokovic

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник во изборот за најдобар спортист на Балканот за 2015 година во изборот на 10 новински агенции од регионот меѓу кои е и Македонската информативна агенција (МИА).

Изборот по 43.пат го организираше Бугарската новинска агенција (БТА), а во него учествуваа и новинари од, Агерпрес (Романија ), АА (Турција), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина), ALBPRESS (Албанија) и АНА-МПА (Грција).

Првиот светски тениски рекет доби 90 од можни 100 поени. Тој ова признание го добива по петти пат со што се изедначи со бугарската атлетичарка Стефка Костадинова.

На второто место се најде грчката гимнастичарка Елефтериос Петроуниаса со 45 поени, трет е босанскиот атлетичар Амел Тука со 37 поени.

Од македонските спортисти со најдобар пласман е капитенот на ракометната репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров кој доби 12 поени, доволно за 14.место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top