| четврток, 6 декември 2018 |

Американски доктор открива генијален трик за чистење уши

Поентата е во тоа да се омекне стврднатиот церумен во ушите, а тоа е најлесно со ставање на масло. Во потешките случаи помага и шприц со мешавина од оцет и од алкохол.

Иако повеќето знаат дека стапчињата за уши го туркаат церуменот во внатрешноста, што предизвикува воспаленија и затнување, сепак сè уште ги користат.

Освен тоа, луѓето често користат и други, неретко опасни методи без многу резултати. Докторот Дејвид Џил, американски педијатар, вели дека никој не смее насилно да го отстранува восокот од ушите, туку дека постојат многу поделотворни методи.

За поголемите талози важно е стврднатиот восок да го омекнете со масло, така што парче памук ќе натопите во масло и ќе го поставите во увото без туркање. Потоа би требало да се протресе главата за восокот да може да се помрдне кон надворешниот канал. Почекајте две до три минути и ставете неколку капки масло во увото.

Ако не помага ниту тоа, тогаш помешајте еднакви количини на оцет и медицински алкохол, па тој раствор со помош на шприц ставете го во увото, почекајте малку и отстранете ја течноста од увото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top