| четврток, 6 декември 2018 |

Tрик како побрзо да ја исушите косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога деновите се студени баш и не може така едноставно да се следи ваквиот совет. Сушењето со фен кога е есен или зима, меѓудругото одзема и повеќе време. Па затоа, споделуваме еден евтин трик со кој ќе го преполовите времето на сушење на косата.

Решението всушност се наоѓа во вашата кујна, но не станува збор за некаква намирница. Трикот е во користење на хартиени салфетки. Тие воопшто нема да ја оштетат вашата коса ако со нив нежно ја измасирате косата, а ќе упијат многу вода.

Секако по излегувањето од под туш можете да ја ставите косата во пешкирм а дури потоа откако малку ќе впие, да ги искористите овие салфетки. На овој начин, сушењето потоа ќе трае двојно покусо.

Сигурно е дека директно ќе влијаете и на избегнување на оштетувањето на косата, бидејќи на ваков начин, косата ќе биде покусо изложена на струење на топлиот воздух

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top