Денес постојат мобилни телефони кои се водоотпорни. Проблем е тоа што не сите мобилни телефони се отпорни на вода, поради што не можат да преживеат „капење“.
За среќа, постои начин на кој можете да го спасите телефонот.
Имено, ако имате мачка, голема е веројатноста да имате и песок за мачки, кој ја извлекува влагата подобро од ориз.
Извадете ја батеријата и сим картичката од телефонот кој ви паднал во вода и избришете го со крпа.
Потоа телефонот ставете го во сад наполнет со песок за мачки. Држете го во песокот до два дена.
Ако немате песок, ставете неколку вреќички силика-гел во сад и оставете го телефонот внатре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.