| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски го најави новото политичко движење „Граѓанска алијанса за позитивна Македонија“

Политичкото движење со работен наслов „Граѓанска алијанса за позитивна Македонија“ ќе биде промовирано кон крајот на мај или почетокот на јуни, вели Бучковски за „Јавност“. Тој најави дека истакнати личности од политиката, културата, медиумите, спортот, бизнисмени ќе бидат дел од новата партија.

Vlado-Buckovski-3
– Подготовките за поведување на иницијатива за создавање ново политичко движење се во завршна фаза. Идејата зад која се обединуваат видни интелектуалци од академската заедница, бизнисмени, поединци од културата, медиумите и спортот, перспективни млади луѓе од студентската заедница, ќе биде промовирана кон крајот на мај или почетокот на јуни оваа година. Иницијаторите за создавањето на новото политичко движење ги посакуваат во своите редови и старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, кандидатите за градоначалници кои настапија како независни кандидати, но и истакнати земјоделци и фармери, како што се Душко Илиевски-Млекарот или Кире Неделковски-Тутунарот – изјави Бучковски за „Јавност“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top