| четврток, 6 декември 2018 |

Заев го доби пасошот од „Фабриката за фалсификати“

Вевчанскиот карневал започна, а како и секоја година, во духот на карневалот не изостана и делот за актуелната политичка ситуација во државава.

vevcani1

Овојпат, главна атракција на карневалот е маската со име Злосторничко здружување.

На шеговит начин маската Злосторничко здружување оди да ги предаде сечените, лепени и монтирани прислушувани материјали кај специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во злосторничкото здружување се и Радмила Шекеринска, која е штотуку вратена од плажите во Грција за таа намена, Вицето, кој земаше по едно евро, како и нивниот најпознат член Чаушот, кој фалсификуваше лични документи.

vevcani

На патот го сретнаа токму Зоран Заев на кого му го дадоа новиот фалсификуван пасош.

А Заев, иако, имаше прилика, не го побара пасошот од Верушевски.vevcani 1

Годинава хит на вевчанскиот карневал се специјалната обвинителка Катица Јанева и Зоран Заев со „Фабриката за фалсификати“.

vevcani

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top