| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска културна недела во Франција

Во францускиот град Епинал вечерва, со изложба посветена на Македонија, почнува „Македонската културна недела“, која ќе трае до 21 април во Домот на младите и културата „Сан-Лоран“.

„Македонската културна недела“ се одржува во рамки на годинашната манифестација „Европска недела“, која вообичаено е посветена на земји-членки на Европската унија. Во Епинал, кој е збратимен град со Битола, од 1968 година оваа недела е посветена на Македонија.

Во рамките на манифестацијата, предвидено е претставување на културно-историското наследство на Македонија, јазикот, музиката, филмот, фолклорот и македонската гастрономија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top