| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов се очекуваат снег и температури до минус 15, надлежните подготвени

Викендот што следува на целата територија на Р. Македонија се очекуваат врнежи од снег, а во западните делови снежна покривка и над 50 сантиметри. Температурите во утринските часови ќе се симнат и до минус 15 степени.

centar-za-upravuvawe-so-kri-640x360

 

На денешната итна седница на Републичкиот кризниот штаб во координација со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и сите субјекти на системот за управување со кризи беше заклучено дека Македонија е подготвена да се справи со очекуваните врнежи од снег и ниските температури.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека активно се следи состојбата и се во постојана координација со сите субјекти на системот за управување со кризи, а известени се и сите градоначалници за ваквата временска прогноза.

Надица Вучкова портпарол на Центарот за управување со кризи упати апел до сите граѓани да го користат бесплатниот телефонски број за итни повици 195 доколку наидат на проблеми од снегот, како и апел за возачите да го користат телефонскиот број на АМСМ 155.

-Повисоките места кои што се очекува да бидат отсечени доколку паднат поголеми врнежи од снег веќе беа посетени од претставници од ЦУК, им се доставуваа потребни намирници, лекови и им се апелираше што треба да преземат во случај на отсекување на нивните места. Меѓутоа искуството кажува дека тие жители на некој начин се припремени за ваквите ситуации бидејќи тоа не нешто ново затоа што тоа се случува речиси секоја година кога ќе падната големи врнежи од снег, истакна Вучкова.

Според прогнозите од УХМР од следната недела се очекуваат ниски температури во целата земја.

-Утринските температури се очекува да се симнат на определени места и до минус 15 степени Целзиусови. Во наредните денови ќе имаме стабилно време, но со ниски утрински температури, истакна Коста Лазаревски од УХМР.

На состанокот беше заклучено дека екипите на ЈП„Македонија пат“ се веќе на терен, а во текот на следната недела дополнително ќе бидат зголемени.

Моменталната состојба на патиштата е проодна, немаме никаде застој и проблеми. Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Маврово и Пресека. Обилни врнежи од снег има на Попова Шапка, но екипите на „Македонија пат“ се веќе таму и досега немаме никаков проблем. Овие денови што следат будно ќе ја следиме состојбата,истакна Гајур Кадриу, директор наМакедонија пат“.

Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да се придржуваат кон условите на патот и задолжителна зимска опрема, посебно тешките товарни возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top