Ракометниот портал „Балкан Хендбол“ го избра составот од екс-ју просторите за претстојниот континентален шампионат, и тоа во изборот на новинарите (претставниците не можеа да гласаат за играчи од својата земја) и на читателите. Селектор би бил Веселин Вујовиќ, миленикот на вардаровите навивачи и актуелниот кормилар на Загреб и селектор на Словенија. Негов помошник е актуелниот македонски селектор Ивица Обрван.
А најдобриот тим би го сочинувале Мирко Алиловиќ (голман, Хрватска), Кирил Лазаров (десен бек, Македонија), Домагој Дувњак (среден бек, Хрватска), Момир Илиќ (лев бек, Србија), Мануел Штрлек (лево крило, Хрватска), Драган Гаиќ (десно крило, Словенија) и Алем Тоскиќ (пикер, Србија). Прв избор за одбрана би бил Јаков Гојун (Хрватска).
Во резервите се дури тројца Македонци – левото крило Дејан Манасков, специјалистот за одбрана Велко Марковски и пикерот Стојанче Стоилов. Тука се и Дарко Станиќ (голман, Србија), Иван Слишковиќ (лев бек, Хрватска), Деан Бомбач (среден бек, Словенија), Марко Копљар (десен бек, Хрватска), Иван Чупиќ (десно крило, Хрватска).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.