Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да го екранизира моментот кога ја освоил сопругата Јелена.
Имено, „Jacob’s Creek“ обвавува серија кратки филмови во кои обожавателите на првиот рекет имаат можност да откријат помалку познати детали од неговиот живот. Јавноста ќе дознае како Новак ѝ го освоил срцето на Јелена и како со браќата го славел Божиќ.
Тој истакнува дека снимањето на романтичниот филм кој е насловен „Прв состанок“ било навистина интересно искуство за него.
-Снимањето на приказната за нашиот прв состанок беше забавно. Искрено, се чувствував нервозно, бидејќи се вратив на мои 18 години во спортскиот клуб Монте Карло, каде што пред мене се појави најубавата девојка што сум ја видел, а која сега е моја сакана сопруга и мајка на нашиот син Стефан – вели Ноле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Она што ми го шепна нема да му го заборавам: Ѓоковиќ го утеши расплаканиот Дел Потро (ВИДЕО)
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?