| четврток, 6 декември 2018 |

Ја избодел до смрт и седнал во чекална-детали за убиството на медицинската сестра во Шабац

убиец2
Љубинка Поповиќ (55), медицинска сестра од шабачкиот Дом на здравјето која денеска ја уби пациентот Вукашин Вилотиќ, била мајка на две деца и баба на 3 внучиња, пишува српски Блиц.
Таа со години вредно работела со пациенти, а животот го платила со растројството на еден од нив.
Имено, наместо да оди на пауза, Љубинка останала во ординацијата, каде разбеснетиот Вилотиќ ја пронашол. Тој наоружен со нож влегол во ординацијата на медицинската сестра каде таа ги примала книшките и ја избодел во вратот. Поради пресечените крвни садови, таа брзо починала. Ја пронашла  чистачката која почнала да вришти, па се собрал целиот персонал, а Вилотиќ мирно седел во чекалната.
убиец

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top