| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско знаме како амајлија за среќа – Иванов ги испрати ракометарите за Полска

Ivanov_vo_poseta_na_rakometna_reprezentacija-4601

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов свечено ги испрати ракометарите во Краков и им посака да го постигнат најголемиот успех досега на големите приредби. Заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, тој лично се поздрави со членови на експедицијата, а разговараше нешто подолго со капитенот Кирил Лазаров.

Иванов им подари македонско знаме како амајлија за среќа, а ракометарите возвратија со дрес со бројот 1 како подарок на претседателот.

Утре напладне со чартер-лет од Скопје експедицијата заминува за Краков, каде што ќе се обиде да остане што е можно подолго во обидот да ги оствари предвидените цели на силното европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top