| четврток, 6 декември 2018 |

Време е за реванш, грубиот Рогиш и Германија не чекаат во Барселона од 15,45 в недела

Во недела од 15,45 часот во Барселона, ракометната репрезентација на Македонија ќе го игра осминафиналниот натпревар против Германија, на СП во Шпанија.

Време е за реванш против силните Германци, а не чека и стариот познаник Оливер Рогиш, еден од најгрубите ракометари во модерната ера на оваа игра.

Лани од нив загубивме на ЕП во Србија со 23-24, во неизвесен натпревар и сега имаме шанса да возвратиме во меч од кој можеме да добиеме многу. Поправен нема и поразениот ги губи шансите за медал.

Во составот на Германија пак ќе биде „тепачот“ Рогиш, кој предвреме ја заврши пресметката против нас, лани во Ниш, откако доби црвен картон. Добро е што нема да игра Кауфман, најефикасниот германски ракометар на ланскиот дуел со 6 гола. Германците имаат компактен и силен тим, што го потврдија со триумфот над светскиот првак Франција, вечерва со 32-30. Со тоа го освоија првото место во А групата.

Особено треба да се внимава на десното крило Грецки, на десниот бек Вејнхолд, на неговиот соиграч од спротивната страна Кристоферсен и на левото крило Клајн. Тоа е квартетот со најмногу голови од германскиот табор на СП во Шпанија. Вејнхолд е лидер со 19 погодоци, а зад него е Грецки со 17 реализации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top