| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Ова не е најдоброто од Македонија

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван, по победата над Црна Гора (35:28) во пријателскиот меч одигран синоќа во Скопје, изрази задоволство од играта на своите избраници, но и уверување дека неговите избраници можат уште подобро.
Tој очекува воочените недостатоци во одредени делови од играта да бидат надминати и во најдобра форма да се отпатува на еврошампионатот во Полска.

– Ова беше корисен натпревар, како и дуелите со Словенија. Остварен е добар резултат против една цврста екипа како што е Црна Гора. Сепак, имаме уште неколку работи на кои треба да поработиме и да ги поправиме, пред се тоа се однесува на одбраната која мора да биде уште поподвижна. Во секој случај задоволен сум со победата. Не беше ова нашето најдобро издание и има уште простор за напредок, но беше добар натпревар, изјави Обрван по мечот со Црна Гора.

Хрватот веќе денеска ќе има можност уште еднаш да види во какво светло ќе се прикажат неговите избраници во мечот против истиот противник.

Во среда репрезентацијата патува за Краков, каде в петок (15 јануари) ќе го одигра и првиот меч на првенство и тоа против актуелниот олимписки, светски и европски шампион Франција.

Другите две репрезентации од групата се домаќинот Полска и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top