| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопје – Сарај – Матка, релација кратка…“

Mojso_Mojsovski_90

Колумнист: Мојсо Мојсовски

Овој не мно­гу инс­пи­ра­ти­вен ре­френ бе­ше по­сто­јан при­друж­ник, ре­чи­си ри­ту­ал, на дет­ски­те па­ту­ва­ња во ра­ни­те 60-ти го­ди­ни на ми­на­ти­от век со „Пи­о­нер­ско­то вов­че“. Ве­лат име­то го до­би­ло по тоа што на одре­де­ни да­ту­ми, важ­ни за Ти­то­ви­те пи­о­не­ри, ма­ло­то за­бре­вта­но пре­воз­но средс­тво, што за мно­гу­ми­на зна­че­ше и па­поч­на вр­ска со гра­дот, би­ло опс­лу­жу­ва­но со еки­паж со цр­ве­ни ша­мии. Да би­дам искрен, за ова не мо­жам да га­ран­ти­рам со све­дош­тво на оче­ви­дец од ед­но­став­на при­чи­на што то­гаш бев­ме мно­гу та­зе пи­о­не­ри. Но, за­тоа низ го­ди­ни­те, сѐ до не­го­во­то ис­чез­ну­ва­ње од ли­це­то на гра­дот и од ко­ле­ктив­но­то па­ме­те­ње на скоп­ја­ни, мно­гу че­сто го ко­ри­стев­ме за школ­ски ек­скур­зии, пр­во­мај­ски из­ле­ти со ро­ди­те­ли­те и за љу­бо­пит­ни па­ту­ва­ња низ окол­ни­те скоп­ски из­лет­нич­ки ме­ста.

Вов­че­то трг­ну­ва­ше од ста­ни­ца­та во Град­ски парк, што по­доц­на ста­на ка­фе­а­на „Езер­це“, по ко­ја се­га та­гу­ва ед­на дру­га ге­не­ра­ци­ја скоп­ја­ни, ко­ја сво­ја­та мла­де­шка енер­ги­ја и, се раз­би­ра, изо­бил­но­то сло­бод­но вре­ме ги тро­ше­ше во уго­сти­тел­ски­от об­јект, кој од не­ра­зум­ни при­чи­ни се­га е срам­нет со зем­ја. Има­ше во­зен ред, кон­ду­кте­ри и кон­тро­ло­ри (по­доц­на ги гле­дав­ме во авто­бу­си­те на ГСП), „шеф ста­ни­це“, ма­ши­но­во­за­чи и ло­жа­чи (ма­ла­та ло­ко­мо­ти­ва бе­ше пар­на). Ва­го­ни­те беа ми­ни­ја­тур­ни (има­ше и лет­ни, мно­гу ро­ман­тич­ни и пра­ктич­ни за поз­на­ти­те скоп­ски го­ре­шти­ни).

Тес­но­ли­неј­ка­та по „бе­дем“ бав­но се про­би­ва­ше низ Град­ски парк, го пре­мо­сту­ва­ше Вар­дар (тоа се­ко­гаш ни бе­ше воз­буд­ли­во), во Ѓор­че сле­гу­ваа и се ка­чу­ваа пат­ни­ци, по­тоа пре­ку Ори­за­ри, ка­де што има­ше по­ли­гон за ре­зер­ви­сти на ЈНА (по­сто­ја­но не­што веж­баа и мар­ши­раа), кои ма­ши­но­во­за­чот ги поз­дра­ву­ва­ше со гро­мог­лас­но сви­ре­ње од ло­ко­мо­ти­ва­та, се ста­су­ва­ше во Са­рај, ка­де што бе­ше из­лет­нич­ки­от рај со ба­зен и со ка­фе­а­на (не мно­гу до­стап­ни во пр­во вре­ме за обич­ни­те смрт­ни­ци) и до­а­ѓа­ше до крај­на­та де­сти­на­ци­ја Глу­мо­во. От­ту­ка кој са­ка­ше про­дол­жу­ва­ше пеш кон Ма­тка, а дру­ги­те пат­ни­ци за­ми­ну­ваа кон се­ло­то и окол­ни­те на­се­ле­ни ме­ста, на се­ве­ро­за­пад­ни­те па­ди­ни на Вод­но и по те­че­ни­е­то на Тре­ска.

Из­лет­ни­ци­те и ек­скур­зи­јан­ти­те се рас­прс­ну­ваа на пол­јан­ки­те по­крај жи­во­пис­на­та дес­на при­то­ка на Вар­дар, сѐ до неј­зи­на­та уто­ка на Кри­ви­на, култ­но­то ка­па­ли­ште на скоп­ја­ни. Ту­ка пли­ваа и се сон­чаа, кре­вај­ќи ча­лам, ге­не­ра­ции ка­па­чи и скоп­ски уба­ви­ци, кои исон­ча­ни­те те­ла по­тоа ги рек­ла­ми­раа у Скоп­је, не­ба­ре се ка­пе­ле на Азур­ни­от Брег, а не на Тре­ска и на Вар­дар. Ре­ка­та бе­ше и рај за ри­бо­лов­ци­те. Ври­е­ше од бој­ник, клен, мре­на и од по не­ко­ја па­стрм­ка, си­те во со­лид­на го­ле­ми­на и те­жи­на, кои беа клуч­ни при при­каз­ни­те на вра­ќа­ње со вов­че­то.

Вра­ќа­ње­то се знае, со пос­лед­но­то вов­че за Скоп­је. Пат­ни­ци­те исти од утро, осве­же­ни со по не­кој нов, кој по ра­бо­та или од ра­бо­та се вра­ќа во глав­ни­от град.

Не по­мал­ку све­жи во се­ќа­ва­ње ми се пра­ктич­ни­те есен­ски по­се­ти на Глу­мо­во и на Ма­тка. Име­но, Ма­тка бе­ше мај­дан за ди­ви смо­кви од кои мај­ки­те низ „де­вет во­ди“ го под­го­тву­ваа сла­тко­то од смо­кви, од кое сме­е­ше да се зе­ме са­мо ед­но смо­кви­че, те­шко на тој што ќе се зас­ла­ди со две или по­ве­ќе. По­крај Тре­ска има­ше план­та­жи со ка­пи­ни.Сла­тко­то од овој си­тен топ­чест плод бе­ше де­ли­ка­тес. Но, бе­ре­ње­то бе­ше бол­но по­ра­ди боц­ки­те и не­при­стап­ни­те гр­му­шки со тем­но­цр­ве­ни­от плод.

Уба­во е од­вре­ме-на­вре­ме да се се­ти чо­век и на вов­че­то. А тие на кои тоа им ра­бо­та да го ста­ват во аген­да­та на сво­и­те актив­но­сти да им го вра­тат на скоп­ја­ни (со по­мош на нив­ни­те па­ри), ба­рем ка­ко му­зеј­ски екс­по­нат, во му­зе­јот на се­ќа­ва­ња­та и на спо­ме­ни­те на скоп­ја­ни!

(објавено во 23. број на неделникот „Република“, 8.2.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top