Група Пакистанци и еден Сириец се нападнати во германскиот град Келн, каде владеат зголемени тензии поради сериите напади врз жени за време на новогодишната ноќ, за кои постои сомнеж дека се извршени од страна на апликанти за азил, соопшти денеска германската полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека група од околу 20 лица во Келн нападнале шестмина Пакистанци, од кои двајца потоа побарале лекарска помош, пренесува Танјуг.
Истовремено, група од пет лица нападнала еден Сириец, кој е повреден, но не му била потребна лекарска помош.
Полицијата истражува дали нападите биле расно мотивирани и дали на каков било начин се поврзани со нападите за време на новогодишната ноќ, кога се пријавени голем број на кражби, физички и сексуални напади, а поголемиот број од осомничените лица се бегалци или илегални имигранти.
Тие напади ги зголемија тензиите околу германската политика на „отворени врати“ за време на бегалската криза и наведоа некои политичари да побараат заострување на законите против имигрантите кои го кршат законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.