| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата на Северина ја отвори душата:Милан не ми дозволува да го гледам Александар

се

Маријана Вучковиќ, сестрата на Северина и новинарка која живее во Белград, за српски Ало, проговорила за односот со бившиот свршеник на Северина, Милан Поповиќ, како и за бракот на Северина со Игор Којиќ.

– Како тетка ускратена ми е можноста барем понекогаш да го гледам Александар кога е кај Милан во Белград. На мојата порака да го донесе Александар за Божик, Милан не ми ни одговори. Не знам зошто е таков, бидејќи никогаш не сме биле во лоши односи- рекла Маријана.

Како што објаснила, за Милан имала добро мислење се додека тој не решил да се раздели од Северина.

-Тоа не ме лути, но ме растажува развојот на ситуацијата. Неговите изјави по весниците се контрадикторни. Во едната тврди дека сака друго дете со Северина, а потоа во тој период од пет месеци, кога се разделија, не го гледаше синот.На кого тогаш Северина требаше да се пожали?Кој суд тоа го зеде во предвид- прашала Маријана.

Се осврнала и на приказните дека бракот на Северина и Игор е маркетиншки трик.

-Досега не сум видела љубовта меѓу мажот и жената да е маркетиншки трик. Не гледам на Игор како на некој кој треба да ми се допаѓа, туку гледам моето внимание да го имаат оние кои стојат до мојата сестра и сакаат со неа да го поделат животот. Ако Игор ги докаже своите намери и љубов, ќе ги има мојата почит и поддршка- заклучила сестрата на Северина, Маријана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top