Филмовите „Carol“ и „Bridge of Spies“ добија најмногу номинации, дури по девет, за освојување на британските филмски награди БАФТА.
Според денеска објавените номинации, во трката за најдобар филм, покрај „Carol“ и „Bridge of Spies“, се предложени и „The Big Short”, „The Revenant” и „Spotlight”.
За најдобра глумица се номинирани Бри Ларсон за филмот „Room”, Саоирс Ронан за „Brooklyn”, Кејт Бланшет за „Carol”, Алиша Викандер за „The Danish Girl”, и Меги Смит од филмот „The Lady in the Van”.
Во категоријата за најдобар глумец се номинирани Леонардо Ди Каприо за филмот „The Revenant”, Еди Редмајн за “The Danish Girl”, Мајкл Фасбендер за „Steve Jobs”, Мет Дејмон за „The Martian” и Брајан Кранстон за филмот „Trumbo”.
Филмот „The Revenant” oсвои осум номинации, „Mad Max: Fury Road” седум, додека филмовите „The Martian” и „Brooklyn” се номинирани во шест категории, а „The Danish Girl”, „Ex Machina” i „The Big Short” освоија по пет номинации.
Доделувањето на наградите БАФТА ќе се одржи на 14 февруари, две недели пред церемонијата за доделување на Оскарите на Американската филмска академија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.