| четврток, 6 декември 2018 |

Премиер-лигата ги објави номинациите за најдобар фудбалер оваа сезона

Вчера беа објавени имињата на играчите, кои ќе кандидираат за наградата најдобар фудбалер во Премиер-лигата што ја доделува англиската професионална фудбалска асоцијација (ПФА).

Меѓу шесте кандидати се најдоа Еден Азар (Челзи), Златан Ибрахимовиќ (Манчестер Јунајтед), Хари Кејн (Тотенхем), Н’Голо Канте (Челзи), Ромелу Лукаку (Евертон) и Алексис Санчез (Арсенал).

Единствениот фудбалер, кој не е напаѓач, е Канте, а интересно е што нема ниту еден фудбалер на Манчестер Сити во потесниот избор, а двајца од актуелниот лидер на табелата и најсериозен кандидат за титулата, Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top