| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон со „избалансиран“ фустан на БАФТА

Британската војвотка Кејт Мидлтон синоќа, во „Ројал Алберт Хол“, каде што се доделуваа наградите на Британската филмска академија БАФТА се појави во фустан кој предизвика реакции во јавноста.

Кејт Мидлтон, која е во поодмината бременост, на свечената церемонија носеше темозелен фустан на Џени Пекам со црна лента под градите.

Според критичарите, фустанот на Кејт е „избалансиран“. На БАФТА се повтори протестот на активистките за женски права и актерките, кои дадоа поддршка на движењето #MeToo.

Фустанот на Кејт е златна средина помеѓу давањето политичка изјава, нешто што им е забрането на членовите на кралското семејство и игнорирањето на движењето со неносење на црна боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top