Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави номинациите за избор на најдобрите играчи и тренери за 2016 година.
Во категоријата за играч на годината номинирани се:
Никола Карабатиќ ( најдобар 2007 и 2014 година),
Микел Хансен (најдобар 2011 и 2015 година),
Андреас Волф
Домагој Дувњак
Сандер Сагосен
Во женска конкуренција кандидати за ракометарка на годината се:
Нора Морк
Нике Грот
Изабел Гулден
Кери Гримсбо
Кристина Неагу
Во категоријата за тренери номинирани се:
Веселин Вујовиќ
Кристијан Берге
Дидие Динар
Дагур Сигурдосн
Гудмундур Гудмундсон
Веселин Вујовиќ има шанса, доколку биде избран за најдобар да биде прв во историјата на ракометот што го освоил ова признание и како играч (1988 година) и како тренер. Гласањето во кое учествуваат новинарите и фановите трае до 9 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.