| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекувани проблеми во РФМ

rakometna_topka-29477Неочекувани проблеми за Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во пресрет на завршните подготовки пред Европското првенство во Полска. Утрово вработените при доаѓањето на работа по Божиќните празници ги дочекала отворена врата. Крадци извршиле упад, а информации околу евентуална штета се уште нема.

– Веднаш пријавивме и полицијата изврши увид. Ова е баш непријатно изненадување на два дена пред натпреварите на домашен терен со репрезентацијата на Црна Гора, како и неполна недела пред почетокот на ЕП во Полска, велат накусо од РФМ.

Иако во Федерацијата пред два дена им била пристигната целата опрема за првенството, од неа не недостасува ништо. Тоа што било цел на ограбувачите била техничка стока- компјутери, камери, апарати…

Седиштето на РФМ не била единствената цел, вечерта биле обиени просториите на уште неколку други фирми во близина, каде што, како што дознаваме, нема безбедносни камери.

Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките, в недела и во понеделник ќе одигра два контролни натпревара со Црна Гора, а за Краков заминува на 13 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top