Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските прeмини Стража и Буково.
Според информации добиени од Ј.П. Македонијапат, магла со видливост од 30 до 50 метри има на патните правци Крива Паланка – Страцин, Скопје Велес и обратно, додека во околина на Куманово,Тетово и Штип видливоста е од 50 до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.