| четврток, 6 декември 2018 |

Водиме 14-13 на полувремето против европскиот првак Данска

Македонија води со 14-13 по првото полувреме против европскиот првак Данска, во Севилја на ракометниот Мундијал. Филип Лазаров со 5 гола е најефикасен на мечот, во кој се наоѓаме во чудна ситуација. Победа не ни одговара, судејќи според желбите да ја избегнеме силната Франција во осминафиналето. Македонските ракометари сепак одиграа чесно, борбено, без калкулации во првиот дел од последниот натпревар во фазата по групи. Особено блескави беа двата моменти кога со цепелини им дадивме два гола на актуелните европски прваци и светски вицешампиони Данците. Во првиот атрактивен обид успешен беше Дејан Манасков, а потоа во репризата погоди Филип Лазаров. Ако победиме ќе бидеме третопласирани и задутре во Барселона ќе играме елиминациски меч со светскиот шампион Франција. Во спротивно противник за четвртфинале, повторно во Барселона, би ни била Германија, што според калкулациите е подобра варијанта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top