Родилката Маја Кадиева која почина во Гевгелија поради лекарска грешка родила живо дете, а не како што велеа првичните информации мртвородено.
Телма јавува дека обдуцентите од судска медицина заклучиле дека детето живеело десет минути и имало развиено органи за живот, а умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето.
Од обвинителството, со цел расчистување на сомнежите е наредено овој сегмент посебно да биде испитан.
Телевизијата наведува дека она што обвинителството посебно ќе го истражува е и дали е направен сериозен пропуст во заведувањето на податоците за детето. Во документите од болницата е запишано дека детето е тешко два килограми и 750 грама, а долго 49 сантиметри. Но, Судска медицина констатира 400 грама и 2 сантиметри повеќе. Првично крвната група на мајката и детето се поклопуваат, односно се нулта, но сепак обвинителството размислува да се направи и днк анализа.
Во наодот на Судската медицина пишува дека смртта на родилката настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, односно дека јазикот и хранопроводот на родилката се механички повредени.
Обвинение најверојатно ќе има кон четворица вработени според извори од обвинителството.
Да се потсетиме
Катастрофални грешки и небрежност на лекарскиот тим ги однесе во смрт родилката и мртвороденчето во гевгелиската болница.
Обдукцијата и првичните резултати покажале дека родилката, во случајот починатата Маја подолго време била оставена без кислород, била погрешно интубирана неколкупати, односно лекарите анестезиолози повеќепати неуспешно и спуштале црево во дишните органи.
Имено на 23 октомври животот го загубија мајка и новороденче од Дојран во гевгелиската болница. Уште истиот ден по трагичната вест сопругот ги обвинуваше лекарите-анестезиолози дека биле пијани и се виновни за смртта на Маја.
После неколку дена анализите на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози а двајцата анестезиолози уште пред една недела добија отказ од работа кога и официјално се потврди алкохолот во крвта.
Директорот на болницата во Гевгелија уште пред да ги добие резултатите одлучи двајцата анестезиолози да бидат суспендирани додека не заврши истрагата и не се утврдат причините за несреќата, а министерот Тодоров побара од Лекарската Комора да им ги одземе лиценците на двајцата пијани анестезиолози од гевгелиската болница.
Астезиологот трајно ќе остане без лиценца, ако се докаже дека ги убил родилката и бебето
Доколку се докаже дека анестезиологот од гевгелиската болница е виновен за смртта на родилката и нероденото бебе, нему трајно ќе му биде одземена докторската лиценца.
Директорот на болницата во Гевгелија уште пред да ги добие резултатите одлучи двајцата анестезиолози да бидат суспендирани додека не заврши истрагата и не се утврдат причините за несреќата.
Кај лекарите – гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.
Останува прашањето ќе ја преземат ли одговорноста виновниците и дали ќе ја признаат вината? Засега молк!
Сопругот на родилката, скршен од болка вели дека правдата ќе ја бара на суд. Тој најави дека самиот ќе ја гони болницата и докторите.
Сопругот на родилката што почина во гевгелиската болница заедно со нејзиното новороденче, бара на виновниците да им се суди за убиство.
Обвинителството денеска даде налог за вештачење со кој ќе треба да се утврди конкретната одговорност за смртта на родилката и бебето за време на царскиот рез во гевгелиската болница.
„За мене ова е убиство, а дали така ќе биде, нека одлучи Обвинителството. Мојата жена беше здрава и права кога отиде во болница. И тоа на преглед, не на породување, оти терминот беше подоцна, за некој ден. Дента отидовме на ЦТГ преглед, таа немаше породилни болки. Моето новородено бебе беше живо и здраво, иако ми кажуваат дека било мртвородено. Мора да се утврди за сите кои се виновни, и тие што најмалку имаат вина и тие се виновни и да бидат казнети, за поука за другите, што прават со среќата на луѓето”- рече Кадиев.
До сега, анализите на крвта покажаа дека двајцата анестеолози биле пијани за време на операцијата. Кај едниот биле најдени 1,23 промили алкохол, а кај другиот 1,75 промили алкохол во крвта.
Во меѓувреме двајцата анестезиолози добија отказ од работа, но Лекарската комора не им ги одзема лиценците за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Медицинска компликација причина за смртта на родилката од Свети Николе
-
Гинекологија Чаир: Родилката почина како резултат на комплицирана бременост
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ