| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Џикиќ е нов тренер на Партизан

aleksandar dzikic

По поразот во Никшиќ кошаркарскиот клуб Партизан донесе одлука за промена на тренерот на првиот тим и екипата во следниот период ќе ја предводи Александар Џикиќ.

Новиот тренер на црно-белите до јуни 2015 година работеше како селектор на репрезентацијата на Македонија.
Пред тоа тој ја тренираше екипата на Крка од Ново Место во два наврати, Олимпија Љубљана и Лиетвос Ритас. Пред самостојните ангажмани, Џикиќ работеше две години како помошен тренер во Минесота тимбервулфс. Од 1999 до 2005 година, Александар Џикиќ работеше на местото на помошен тренер на КК Партизан.
Во текот на досегашната кариера, новиот тренер на црно-белите го освои Еврочелинџ купот, четири титули на прваците во Словенија и два национални купа за Словенија. Како помошен тренер на КК Партизан, Џикиќ освои четири титули како првак на државата и два национални купа.
КК Партизан му се заблагодари на Петар Божиќ на посветената работа и за сето она што го стори за клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top