| четврток, 6 декември 2018 |

Магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта изутринава се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на  магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и на планинскиот превој Ѓавато, а од 100 – 150 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Штип, соопшти АМСМ.

magla

Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top