Пред објавување на извештајот на Европската комисија за Република Македонија, Оливер Шварц, експерт за европска политика, во разговор за „Дојче веле“ подвлекува дека на Грција сега ќе ѝ биде тешко да стави уште едно вето за Македонија.
– Регуларно спроведените локални избори за Македонија се вистинска пресвртница. Немаше забележителни истапи кои би го ставиле под знак прашалник изборниот резултат. Во оваа смисла, за Македонија сега се отвора прозорец на можности. За очекување е дека извештајот на Европската комисија ќе биде позитивен со што ќе се подобрат и амбициите – Македонија во јуни од Европскиот совет да го добие датумот за официјалниот почеток на пристапните преговори. Сметам дека со ваквиот тек на случувањата, на грчката влада сега ќе ѝ биде тешко и натаму да става вето, позиција со која успеваше да го спречи отворањето на пристапните преговори на Унијата со Македонија – вели за „Дојче веле“ д-р Оливер Шварц, експерт за европска политика од Универзитетот „Дуизбург – Есен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


