Кандидатот на владејачката партија во Венецуела, Николас Мадуро, прогласи победа на претседателските избори што се одржаа вчера. Официјалните избирачки органи во Венецуела соопштија дека наследникот на Уго Чавез победил со тесна разлика од околу 300.000 гласа.
Говорејќи пред поддржувачите по неговата изборна победа, Мадуро изјави дека го поздравува пребројувањето на резултатите од изборите. Пред да бидат објавени резултатите, неговиот противкандидат Енрике Каприлес изјави дека владата прави заговор за да ја негира неговата победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


