Ракометната репрезентација на Германија ја победи Франција во дербито на последното коло од Б групата во Севилја со 32-30 и како првопласирана селекција оди во осминафиналето што значи дека Македонија и со пораз или реми против Данска ќе ги избегне „триколорите„.
Нашата репрезентација за неколку минути (20, 15) го игра последниот дуел со актуелниот европски првак и не мора да брка победа за да ги одмине Французите.
Исланд во премиерниот дуел од последната рунда во Б групата го декласира Катар со 39-29.
Со евентуален пораз или реми против Данците, Македонија ќе биде четвртопласирана и во осминафиналето ќе се пресмета со Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


