Крилниот кошаркар на македонскиот шампион МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац одигра фантастичен меч во рамките од АБА лигата против Игокеа на гостински терен и е најзалужен за победата на металците. Тој постигна вкупно 27 поени против својот поранешен клуб, а посебно ефикасен беше во обидите за тројка, реализирајќи седум шута од 13 обиди.
Сосема заслужено Дреновац се најде во идеалната петорка на колото во АБА лигата, а покрај него, место во најдобрата петорката имаше и за Анте Жижиќ од Цибона, Тадија Драгичевиќ од Будуќност, Луваву од Мега лекс и неприкосновениот Врањеш од Сутјеска кој ова коло го заврши со високи 42 индексни поени.
Екипата на МЗТ по 18 кола се наоѓа на петтото место на табелата со скор 8-10, а во наредното коло во „Јане Сандански” доаѓа последнопласираната Сутјеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.