Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено (28-28) на првиот котролен натпревар пред Европското првенство во Полска што започнува на 15.јануари.
Избраниците на Ивица Обрван одиграа одличен натпревар и се изборија за реми против Словенија во Кршко. Македонија одигра одлична одбрана во текот на целиот меч и ја спречи репрезентацијата која е позната по тоа што игра офанзивен ракомет да дојде до израз.
Трите гола разлика кои ги направија Словенците во првото полувреме (13-10) брзо се стопија во вториот дел и по само осум минути игра Македонија дојде до првото водство (15-16). во 43.минута Кире и другарите дојдоа и до два гола предност во 43.минута (18-20), но домаќините се созедоа и дури успеаја да се одлепат на осум минути до крајот и повторно имаат три голови разлика, но ни тоа не им успеа. Најефикасни беа десните бекови на Македонија, Кире Лазаров постигна седум гола, Влатко Митков погоди четири пати.
Ова беше прв од двата пријателски меча со Словенија. Утрешниот ќе се игра во Целје, со почеток во 18:30. Потоа Македонија се враќа во Скопје, каде што ја пречекува Црна Гора на 10 и 11 јануари. Првенството во Полска почнува на 15 јануари, а играме во група со Франција, со домашната репрезентација и со Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.