| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува сензација, волшебникот Роналдињо се сели во Премиерлигата?!

roonaldinjo

Некогашниот најдобар фудбалер на светот, а сега веќе 35-годишниот Роналдињо, би можел во јануарскиот преоден рок да се пресели во Премиерлигата.
Тој во моментов е без клуб откако ги заврши обврските со Флуминенсе, но не за долго, ако се земат предвид зборовите на неговиот брат и негов менаџер, Роберто де Асис.

– Добив повеќе од еден повик од клубови од Англија. Мојот брат е голем натпреварувач и сака да победува и да се забавува. Тоа е тоа што луѓето кај него не го разбираат – изјави Де Асис.

Роналдињо откако го напушти Флуменсе се поврзуваше со клубови од МЛС-лигата, Турција па дури и Африка. Сепак, повикот од англиски премирелигаш е нешто што волшебникот со топката најмногу би го интересирало.

– Тој и понатаму сака да игра. Во кариерата немал посериозна повреда и телото му е во врвна форма. Мислам дека може да игра уште три-четири години на врвно ниво. Парите никогаш не биле тема за муабет во преговорите. Тој сака да игра, тогаш е најсреќен – додаде братот на Роналдињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top