| четврток, 6 декември 2018 |

Излетани автомобили од патот кон врвот на Водно (фото)

942896_10201027742051393_2416005790115476171_n

Ѕид на сообраќајниот срам

 

Снегот вчера го отежна сообраќајот, а ги заглави и „најхрабрите“ што се впуштија во авантури. Кренатата рампа од Средно Водно кон врв синоќа излажа многумина да тргнат со својот автомобил нагоре. Заглавени автомобили, лизгање, автомобили што завршиле во дрво… Еден од возачите не успеал да го контролира своето возило качувајќи се нагоре. Возилото почнало да се лизга надолу, по што завршило потпрено на стеблата од дрвјата пред големата надолнина.

Возилото „тојота“ сѐ уште стои излетано од патот. Неофицијално, патниците во возилото поминале без повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top