Тениските фанови ширум светот во следните шест дена ќе уживаат во силниот АТП турнир што се одржува во Доха, Катар. Прв носител на турнирот вреден 1.283.855 долари ќе биде најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој токму од Доха ќе почне со настап во новата 2016 година, како загревање за Австралија опен.
– вСо нетрпение очекувам повторно да играм овде. Ова ми е втор настап во Доха и според мене е идеален начин да се почне сезоната во една силна конкуренција – изјави Ѓоковиќ.
Новак како еден од ривалите ќе го има Рафаел Надал, кој триумфираше во Доха во 2014, како и ланскиот победник Давид Ферер.
– Имам прекрасни спомени од ланскиот освоен трофеј, доаѓам за да ја одбранам титулата и искрено се надевам дека ќе успеам во тоа – истакна Ферер.
Покрај Ѓоковиќ, Надал и Ферер, годинава на турнирот во Доха ќе учествуваат и Томаш Бердих, Фелицијално Лопез, Андреас Сепи, Жереми Шарди и Леонардо Мајер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.